Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Адинг“ ја натфрли планираната добивка за 132,5 проценти

25 јул. 2024 г.·2 мин читање·1565 прегледи

Следете не на Viber

За една година добивката пред оданочување е зголемена за 108  проценти, а планираниот износ е натфрлен за 132,5 насто. Тоа е финансискиот ефект од работењето на „Адинг“ во првата половина од годинава, во која е забележан и раст на приходите, и на домашен терен и на странските пазари.

На крајот од јуни остварената добивка пред оданочување е во износ од 38.990 илјади денари или 632,7 илјади евра. Во соредбениот период се работело за 18.747 илјади денари (над 304 илјади евра), а како планирана сума се зацртани 16.771 илјада денари (272 илјади евра).

Шестмесечното работење на компанијата која произведува и продава хемиски материјали за градежништвото и обезбедило вкупни приливи од 263.614 илјади денари (близу 4,3 милиони евра). Повисоки се од минатогодишниот за 13,7 насто. Во нивната структура, со 98,7 проценти доминираат приходите од продажбата, кои достигнуваат 260.204 илјади денари (4,2 милиони евра). На ова поле поголеми се остварувањата на домашниот пазар – 56,7 проценти. Кај извозот, пак, чиј удел во вкупните приходи е 43,3 отсто, најголемо е учеството на средствата од продажбата во Србија (55,2%). Следуваат Бугарија (19%), БиХ (7,9%), Косово (6,3%), Црна Гора (6,2%), Украина (3,7%) и останати (1,7%).

На расходната страна се забележени трошоци од 229.203 илјади денари (3,7 милиони евра), кои се зголемени за 13,1 процент.

Во извештајот од „Адинг“ е наведено дека во првото полугодие се реализирани капитални инвестиции 10.513 илјади денари (170,6 илјади евра).

Што се однесува до исполнувањето на планот, се посочува дека во првиот квартал од годинава е надминат за 27,1%, а во вториот за 19,7%.

Клучни зборови

  • адинг
  • добивка
  • Извоз
  • прво полугодие 2024
  • приходи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk