Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Акциите на Адинг и Хотели Метропол со најголем раст и пад во јануари

8 фев. 2026 г.·2 мин читање·4230 прегледи

Следете не на Viber

Акцијата на Адинг ја предводи јануарската берзанска листа на хартии од вредност кои во текот на јануари оствариле најголем раст. Вредноста на оваа акција е зголемена за 8,33 насто, од 2.400 на  2.600 денари.

По двомесечниот престој на негативната листа, акцијата на Стопанска банка Скопје во јануари зајакна за 2,80 насто и е втора по висината на растот. Просечната цена во декември била 2.621,60, а во јануари 2.695 денари.

На 30 декември акцијата на ЗК Пелагонија Битола вредела просечни 3.500 денари, еден месец подоцна 3.550 денари. Промената е означена со плус 1,43 насто.

На четвротот  и петото место, со месечен раст под еден процент, се двете најтргувани акции на официјалниот пазар.

Акцијата на Комерцијална банка ја зголемила вредноста за 0,79 проценти, од декемвриските  27.844,95 денари на 28.065,43 денари во јануари.

За 0,77 насто пораснала просечната цена на акцијата со знакот на Алкалоид. На крајот од декември просекот бил 24.996,62 денари, а на последниот ден од јануари 25.187,85 денари.

Најголемото опаѓање од 12,89 отсто е регистрирано кај акцијата на Хотели Метропол Охрид, при што во јануари имала просечна вредност од 250 денари. Претходната цена била 287 денари.

За 40 денари се намалила вредноста на акцијата на Македонски Телеком, што претставува минус од 8,7 проценти. Јануарскиот просек е 420 денари.

За 6,40 отсто опаднала цената на акцијата издадена од Жито Лукс. Од 125 на 117 денари.

Следи акцијата на Тетекс Тетово, чијашто цена се намалила од 2.300 на 2.165, за 5,87 отсто.

Оваа листа се заокружува со НЛБ Банка и со негативната месечна промена од 3,47 отсто. Акцијата во декември чинела 56.399,38 денари, а јануари го завршила со просечни 54.444,64 денари.

M.A

Клучни зборови

  • адинг
  • акции со најголем пад
  • акции со најголем раст
  • Македонска берза
  • Хотели Метропол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk