Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Компанијата Адинг во иднина ќе работи на струја од сопствено производство

6 апр. 2022 г.·2 мин читање·1147 прегледи

Следете не на Viber

,,Во духот на своите заложби за зачувување на животната средина, намалување на јаглеродниот отпечаток и одржлив развој, компанијата АДИНГ наскоро самата ќе си обезбедува електрична енергија преку фотоволтаичните панели кои се инсталираат на нејзин објект во Скопје, а вишокот на енергија ќе се продава”, велат од градежната компанија.

Од таму посочуваат дека на овој начин, компанијата ќе спречи годишна емисија на околу 360 тони CO2 да завршат во нашата атмосфера, под претпоставка дека ова производство заменува производство од термоцентрала која работи на јаглен. Дополнително, компанијата со ова дава сопствен придонес во намалувањето на енергетската криза, која е актуелен проблем периодов.

Инсталацијата на фотоволтаичните соларни панели е во тек и истата се прави на дел од кровните површини на објектите на компанијата, кои се со југоисточна ориентација, и ќе се простираат на вкупна површина од 2000 квадратни метри.

Фотоволтаичниот систем ќе биде составен од 480 фотоволтаични модули со вкупно инсталирана моќност од приближно 270 kWр. Вкупната произведена електрична енергија од фотоволтаичната централа се проценува да изнесува приближно 360 MWh на годишно ниво, што е еквивалент на досегашните годишни потреби за електрична енергија на компанијата. Ова е инвестиција која е во процес на реализација и изнесува приближно 13.000.000 денари.

Клучни зборови

  • адинг
  • фотоволтаици
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk