
Флексибилна стратегија во динамично економско окружување
ТТК Банка ја заврши минатата година со солидна профитабилност и одржлив раст, демонстрирајќи финансиска стабилност во динамично окружување. Финансискиот резултат од 108,3 милиони денари (1,76 милиони евра) и годишниот раст од 2,9 проценти ја потврдуваат успешната деловна стратегија. Вкупната актива достигна 11.015 милиони денари (179 милиони евра), додека кредитната активност и депозитната база продолжија со










