Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Цементарница „Усје“: 70 отсто од приходите остварени на домашниот пазар

15 мај 2023 г.·2 мин читање·982 прегледи

Следете не на Viber

Позитивен финансиски резултат оствари Цементарница „Усје“ АД Скопје во првите три месеци од годинава. Консолидираната нето добивка во износ од 192.609.000 денари, односно 3,12 милиони евра, е значително поголема од ланската во периодот јануари – март, кога била 102,3 илјади евра (6.311.000 денари).

Притоа, вкупните приходи се 18,33 милиони евра (1.130.976.000 денари) и се над реализираните во споредбениот период од 14,67 милиони евра (905.314.000 денари). Најголемиот дел од нив, 70 проценти, потекнуваат од домашниот пазар –       792.835.000 денари или 12,85 милиони евра. Минатата година во истиот квартал тие резултати бие 10,98 милиони евра (677.624.000 денари). Приливот од странските пазари е 5,48 милиони евра (338.141.000 денари) и е поголем од периодот со кој се споредува – 3,69 милиони евра (227.690.000 денари).

„Усје“ речиси седум децении произведува цемент и други градежни материјали. Членка е на Групацијата „Титан“. Се вбројува меѓу најголемите компании во земјата, која вработува повеќе од 250 лица. Управува со три рудници, а производите, освен на домашниот, ги пласира и во Албанија, на Косово и Бугарија.

Клучни зборови

  • Титан
  • Финансиски резултат
  • Цементарница УСЈЕ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk