Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„АЛКАЛОИД“ МОЌНА КОМПАНИЈА СО ВРВНИ РЕЗУЛТАТИ: Зголемена продажба, извоз, нови ивестиции, вработувања…

28 апр. 2023 г.·4 мин читање·2646 прегледи

Следете не на Viber

За само сто дена – консолидирани продажби од 70,5 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од над 28 проценти, инвестиции од 5,6 милиони евра и 47 нови вработувања – е резимето од работните активности на скопски „Алкалоид“. Моќна машинерија која продуцира врвни резултати.

Деталите укажуваат на многу работа.

Продажба – Од првиот ден на јануари па се до последниот ден на март, фармацевтската компанија од  продажбите реализирала 50,3 милони евра (3.104.714.658 денари). За 15 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Оттаму, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 70,5 милиони евра (4.346.596.075 денари). Или, за 20 проценти повеќе во однос на споредбениот период.

Во тие рамки, консолидираните продажби на домашниот пазар се зголемени за три насто, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 28 проценти. Притоа, 28 отсто од вкупните консолидирани продажби се остварени на домашен терен, а респектибилни 72 проценти на странските пазари.И тоа, во земјите од Југоисточна Европа – 29 отсто, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) – 22, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР …) – 20, а на другите пазари е остварен еден процент од вкупните консолидирани продажби.

Паралелата направена со првото тримесечје од 2022, покажува дека годинава најголем раст бележат продажбите во Ерменија, каде што ефектите се трикратно поголеми. Во Романија има раст од 51 процент, Грузија – 40, Грција – 22, Хрватска – 13, Црна Гора – 12, Бугарија – 11, Косово – 9, Велика Британија – 9, Словенија – 7, во Унгарија зголемувањето е 6 проценти…

Во сето ова најголемо е учеството на фармацевтските производи, со огроми 90 отсто. Конкретно, антибиотиците имаат удел од 33 проценти, препаратите ОТЦ од 18, кардиолошките и невролошките препарати со по 11 отсто… партиципираат во вкупните консолидирани продажби. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 10 проценти (хемија и билкарство со по два, а козметика со шест отсто). Вкупните продажби бележат пораст кај профитните центри фармација со 22 и козметика со 19 насто во споредба со остварувањата од истиот период лани.

 

Резултати – Од „Алкалоид“ наведуваат дека единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 9,7 милиони евра (598.921.588 денари), бележи зголемување од околу 12 насто. А пак, единечната нето-добивка е 5,7 милиони евра (355.523.149 денари) и е зголемена за 19 проценти.

Консолидираната добивка пред ЕБИТДА достигна 12.3 милиони евра (758.445.142 денари) и бележи раст од 19 насто, а нето-износот е 7,1 милион евра (441.583.321 денар). Зголемувањето е 22 проценти.

Во извршувањето на оперативните активности, посочуваат од компанијата, ангажирани се повеќе од илјада домашни добавувачи.

 

Вработени – Во првите три месеци македонскиот фармацевтски гигант отворил 47 нови работни места. Во моментот Групацијата „Алкалоид“ брои 2.678 вработени. Поголемиот дел – 2.039 се во земјата, а 639 се вработени во подружниците во странство.

Сите тие во март добиле регрес за користење годишен одмор во нето износ од 36.500 денари.

Акции – Компанијата котира на официјалниот пазар на Македонска берза за хартии од вредност од 2002 година. Нејзините акции се меѓу најтргуваните и најликвидните на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – март се движела од 17.200 до 18.100 денари. Во просек 17.787,37 денари за акција.

Со состојба од последниот мартовски ден акциите се во сопственост на 5.365 акционери. Пазарната капитализација на компанијата изнесуваше повеќе од 25,64 милијарди денари.

Бизнис-план – Годинава ќе се инвестираат околу 11 отсто од консолидираните приходи. Проектиран е десетпроцентен раст на консолидираните продажби и раст од седум насто на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2022 година.

Клучни зборови

  • Алкалоид
  • прв квартал 2023
  • Финансиски резултат
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk