
РАБОТНИЦИТЕ ПРЕД ИНСТИТУЦИИТЕ: „Не молиме – си го бараме заслуженото“
Додека растечките трошоци за живот сè повеќе го притискаат семејниот буџет на граѓаните, работниците во Македонија денеска излегоа на улица со јасна порака – минималната плата мора да се зголеми. Со протестен марш низ центарот на Скопје, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), илјадници работници побараа минималната плата да достигне 600 евра, оценувајќи









