Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ССМ ДЕНЕС НА ПРОТЕСТ: 160.000 работници живеат со плата под прагот на сиромаштија

14 мар. 2026 г.·3 мин читање·1693 прегледи

Следете не на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска организира голем работнички протест во Скопје, на кој се очекува учество на работници од повеќе градови во земјата. Протестот е најавен како реакција на ниските плати и растечките трошоци за живот, а синдикатите бараат значително зголемување на минималната плата.

Собирот ќе започне во 12:05 часот пред Работничкиот дом, по што учесниците ќе се упатат кон Собранието, потоа пред Стопанската комора, а протестниот марш ќе заврши пред Владата. Од ССМ ги повикаа своите членови, работниците и граѓаните да се приклучат, нагласувајќи дека платите мора да се зголемат, особено минималната.

Главното барање на синдикатите останува минимална плата од 600 евра, како и зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Според нив, предложеното усогласување на минималната плата од 1.667 денари, кое беше разгледувано на последната седница на Економско-социјалниот совет, не е доволно и не ги следи реалните трошоци за живот.

Поради тоа, ССМ ја напушти седницата на Советот, останувајќи на своите барања за поголемо покачување на платите. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека работниците секојдневно се соочуваат со раст на трошоците, додека нивните примања не се зголемуваат со исто темпо.

„Синдикалната минимална кошница само за два месеца е зголемена за 2.000 денари“, изјави Трендафилов, додавајќи дека платата е заработена со трудот на работниците и дека тие имаат право да бараат подобар животен стандард.

Синдикатите посочуваат и дека околу 160.000 работници во државата примаат плата под прагот на сиромаштија. Според податоците на Управата за јавни приходи, тие заработуваат помалку од 31.200 денари месечно.

Од ССМ нагласуваат дека во последните две години синдикалната потрошувачка кошница е зголемена за повеќе од 10.000 денари, додека минималната плата се усогласува со значително помал износ. Токму затоа, според синдикатот, барањето за зголемување на минималната плата за околу 200 евра е оправдано.

Трендафилов ги повика работниците од целата држава да се приклучат на протестот, нагласувајќи дека нема причина да се плашат да ги побараат своите права.

Протестот доаѓа и во период на економска неизвесност, при што од ССМ предупредуваат дека можни нови поскапувања на производите и енергенсите, поврзани со случувањата на Блискиот Исток, дополнително би го отежнале животниот стандард на работниците.

Денешниот протест следува по претходните активности на синдикатите, вклучувајќи го и масовниот протест од 28 јануари, како и блокадите на институциите, на кои исто така беше побарано зголемување на платите и подобрување на работничкиот стандард.

Клучни зборови

  • протест
  • ССМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk