Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Протестираат вработените во Пошта – Платите доцнат, сѐ уште ја чекаат декемвриската

23 јан. 2026 г.·3 мин читање·2673 прегледи

Следете не на Viber

Вработените од Македонски пошта сѐ уште не ја примиле платата за декември и поради тоа денес во Скопје и во повеќе други градови незадоволството јавно го манифестираат со протести. Раководството на државната компанија претходно било информирано – ќе има протести доколку до 15 јануари платите не бидат исплатени.

Вработените велат дека примаат минимални плати, кои последниве месеци почнале да доцнат. Претседателот на Синдикалната организација на Македонски пошта, Сашо Димитриевски, рече дека идната недела ќе се донесе одлука за натамошните чекори, кои ќе бидат условени и од исплатата на јануарската плата. Доколку раководството и натаму нема слух за нивните барања, како што најави, не е исклучена и можноста за организирање штрајк.

„Денешниот протест е знак на револт на вработените, бидејќи е пробиен законскиот рок за исплата на плати. Ова е трети или четврти месец како ни доцни платата, но овој месец го проби дното, бидејќи денеска сме 23 јануари. Овој протест денеска е поради неисплатата на оваа плата, но веќе наредната недела синдикалните организации на Македонска пошта ќе донесат нова одлука до Управниот одбор дека ако наредниот месец не се исплати платата до 15-ти, продолжуваме со протести, што не значи дека нема да има и штрајк“, вели Димитриевски.

На протестот дојде и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, кој посочи дека плата не примиле околу две илјади вработени во оваа компанија. Воедно, истакна дека протестираат вработените од сите филијали низ државата, кои нема даа отстапат од своите барања.

„Додека ние се подготвуваме да протестираме за зголемување на платите, овие луѓе протестираат за исплата и на така ниската плата што ја имаат“, изјави Трендафилов.

Ниските плати и доцнењето се присутни подолг временски период. Раководствата како партиски избор се менуваат, а работите постојано се влошуваат. Вработените со години наназад предупредуваат на неповолните состојби, при што проблемите ги лоцираат во долгогодишната лоша кадровска политика и лошото менаџирање со Пошта. Исто така, укажуваа дека наспроти преполната администрација и големиот број шефовски позиции, има недостиг на луѓе за работните места во шалтер службата, а нема ни доволно поштари.

За сето ова редовно се известувани и раководствата на Пошта и Владата. Во тој контекст, неодамна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека Владата го консолидирала претпријатието, а не само што немало отпуштања, туку и редовно се исплаќаат платите.

Клучни зборови

  • задоцнета плата
  • Македонска пошта АД
  • протест
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk