Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АТИНА ДЕНЕС БЛОКИРАНА ОД НЕЗАДОВОЛСТВОТО на земјоделците и синдикатите

13 фев. 2026 г.·2 мин читање·839 прегледи

Следете не на Viber

Земјоделци, одгледувачи на добиток, рибари и пчелари, со автомобили, автобуси и трактори ќе се соберат денес на главниот плоштад во Атина, учествувајќи на голем митинг во 16:00 часот за да го изразат свото незадоволство од неисполнетите ветувања по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Грчките земјоделци и производителите од примарниот сектор повеќе од два месеца протестираа блокирајќи ги сообраќајниците низ Грција, како и граничните премини кон Македонија и Бугарија.  „Не добивме никаков суштински одговор на она што го ставивме на преговарачката маса. Ни рекоа дека ќе ги разгледаат, но без конкретни предлози и без распоред“. Ова беше, како што наведуваат, една од главните причини зошто решија да ја променат формата на своите мобилизации, да ги напуштат блокадите и да продолжат кон главниот град.

Панхеленскиот комитет на блокадите упати повик до граѓаните да „присуствуваат“ на плоштадот Синтагма, пред грчкиот Парламент, поддржувајќи ги луѓето од примарниот сектор, кои – како што нагласуваат – секојдневно се борат да „преживеат на грчките ниви и пасишта“.

Земјоделците велат дека нивните основни барања остануваат непроменети: пониски трошоци за производство, загарантирани цени за земјоделските производи, промени во регулативите што го регулираат системот за државно осигурување ЕЛГА и целосна компензација за загубите на земјоделските култури. Тие тврдат дека овие прашања биле покренати, но не биле решени на неодамнешните средби со премиерот Киријакос Мицотакис, што ги поттикнало да продолжат со мобилизации.

Синдикатите, кои закажаа посебен протест на истата локација претходно во петокот против владиниот закон за колективни работни договори, рекоа дека ќе останат на местото за да покажат солидарност со земјоделците.

(Фото: George E. Koronaios – Own work, CC BY-SA 4.0)

Клучни зборови

  • грчки земјоделци
  • Кирјакос Мицотакис
  • преговори
  • протест
  • синдикати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk