
ЗА ПРОСЕЧНА ЖИВЕАЧКА ВО ФЕВРУАРИ – 63.773 денари: Ќе се намали ли товарот на минималната кошница со владините мерки?
Од јануари до февруари минималната синдикална кошница поскапела за 521 денар. Сојузот на синдикатите пресметал дека за премостување на најкусиот месец се потребни 63.773 денари. Ова е подобрата варијанта, затоа што претпоставува дека се однесува на семејствата што имаат сопствен дом. Изнајмениот стан од 60 квадратни метри, ја менува состојбата и кошницата тежи 79.148 денари.







