Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ОТКАКО ВЛАДАТА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ: На Зелениот пазар пиперки на парче, кромид и грав по повисоки цени, леќата „забранета“

5 апр. 2023 г.·3 мин читање·2102 прегледи

Следете не на Viber

На Зелениот пазар во центарот на Скопје денес можат да се видат празни тезги. Од целиот пазар кромид има на две тезги, грав само на едно место и тоа поскап од предвиденото, а за леќата вели продавачот – не смеам да ја продавам. Другите видови овошје и зеленчук, чии цени не се регулирани со владините одлуки, вообичаено, ги има во изобилие.

Зелените пиперки, за кои највисоката цена е ограничена на 90 денари килограм, се продаваат по десет денари парче. И благите и лутите, иако на тој начин досега се нудеа само вториве. Денес на пазарот лути пиперки на кило има само на една тезга, и тоа со цена од 180 денари.

На продавачите им е неисплатливо во понудата да го имаат кромидот. Во претходниот период цената беше крената и до 100 денари, а денес го има малку и тоа не по 60 денари согласно одлуката на Владата, туку 80 денари килограм.

Истото е и со гравот, чија замрзната цена е 75 денари. Сепак, на единствената тезга се продава за 150, 160 и 200 денари зависно од видот. Леќата „е забранета“ по цена од 110 денари за килограм, па на пазарот воопшто ја нема.

Нема отстапувања кај доматите. Се продават по цени од 30, 50 и 70 денари, колку што е определениот лимит.

Краставиците кои можат да одат до 75, најчесто се со цена од 70 денари. Исто така, и кај карфиолот се почитува ограничувањето од 70 денари за килограм.

И бананите се со определената цена од 70 денари, исто како и лимоните – 55 денари. Портокалите се продаваат за 45, а дозволено е до 55, додека мандарините се под зацртаните 60 денари, па килограм се купува за 40 и за 50 денари.

Според најавите од Државниот пазарен инспекторат и зелените пазари ќе бидат дел од инспекциските контроли, па веројатно пазарџиите пресметале дека за нив е поисплатливо тезгите да се празни. Барем во ударните денови по стапувањето во сила на одлуката, која ќе се спроведува до 30 април.

Клучни зборови

  • замрзнати цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk