Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

За непочитување на замрзнатите цени трговците треба да платат 65 илјади евра

21 мар. 2023 г.·2 мин читање·2225 прегледи

Следете не на Viber

Со издадени повеќе од 115 прекршочни платни налози, од одделни трговци ќе се наплатат казни од над четири милиони денари, односно речиси 65 илјади евра. Ова е резултатот од работата на Државниот пазарен инспекторат, остварен во периодот од шести до 13 март, при што се извршени над 450 инспекциски надзори на територијата на државата. Се контролира продажбата на лебот, тестенините, млекото и млечните производи, кои со примената на владните мерки имаат замрзнати цени.

„ДПИ врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед“, информираат од таму.

Во рамки на проверките, се додава во соопштението, „извршени се над 45 инспекциски надзори по одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки“, при што се кај некои економски субјекти се констатирани прекршоци и следувала вкупна казна од над 205.000 денари, или 3,3 илјади евра.

Инспекторите најавуваат дека и понатаму ќе бидат на терен, а секое непочитување на одлуките ќе биде санкционирано.

Опсегот на производи кои влегуваат во владината заштитена „кошница“ и се приоритет на инспекцијата веќе денес треба да се зголеми. Под мраз одат и цените на јајцата и оризот од домашно производство, а официјалната објава за тоа се очекува по завршувањето на седницата на Владата.

Клучни зборови

  • замрзнати цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk