Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ковачевски: Цените се замрзнуваат, парите остануваат кај граѓаните

28 мар. 2023 г.·2 мин читање·10103 прегледи

Следете не на Viber

Цените се замрзнуваат за да останат парите кај граѓаните. Мерките се преземени во пресрет на големите верски празници, бидејќи граѓаните сакаат и заслужуваат на достоинствен начин да ги прослават, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање за замрзнувањето на цените на основните прехранбени производи

„Минатиот месец ја замрзнавме цената на белиот и полубелиот леб, а ги намаливме и цените на дел од тестенините за 15 проценти, како и цените на дел од млечните производи, меѓу кои кравјото млеко, урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот, за 10 отсто. Последно, ја замрзнавме и цената на јајцата и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото од 15 март, а со важност до 30 април. Што значи, оневозможивме зголемување на цената на овие производи пред Велигденските празници и пред Бајрам“, рече премиерот. Притоа додаде дека цената на јајцата се движи од 8,5 денари до 9,8 денари парче. Маржите веќе се замрзнати, така што цената на овие производи ќе биде константна и предвидлива до 30 април, а веројатно и понатаму.

„Има уште една одлука која ги обврзува продавачите на мало, минимум 70 отсто од набавките што ги имале во текот на јануари и февруари да ги имаат и во периодот на замрзнати цени, бидејќи цените на овие производи на пазарите во регионот се значително повиски од кај нас. Со оваа конкретна мерка трговците се обврзани редовно да ги снабдуваат маркетитие“, посочи Ковачевски, кој се осврна и на активностите на ДПИ, чии инспектори досега извршиле 500 контроли и утврдиле дека е многу мал бројот на трговци кои не ги почитувале мерките и за тоа се изречени казни.

Одлуките се носат врз аргументирани факти и анализи, доаде премиерот, и информираше дека веќе утре на владина седница ќе се разгледуваат предлог одлуките за замрзнување на дел од оод овошјето и зеленчукот. „А, денеска се уверивме со министерот за економија дека ќе треба да се интервенира и кај дел од хигиенските производи кои што најмногуги купуваат граѓаните“.

Клучни зборови

  • Димитар Ковачевски
  • замрзнати цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk