
Економскиот раст во еврозоната ќе ги надмине нивоата пред пандемијата до крајот на годината
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, оцени дека економската активност во еврозоната треба „да го надмине своето ниво на препандемија“ до крајот на годината. Заздравувањето на економијата постојано расте, но делта сојот на вирусот може „да го одложи целосното отворање“, им рече Лагард на новинарите. Европската централна банка ја зголеми прогнозата за раст на



