Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ЕЦБ ќе ги продаде своите долгови преку онлајн продавница

26 сеп. 2020 г.·2 мин читање·147 прегледи

Следете не на Viber

Европската централна банка (ЕЦБ) подготвува веб-страна во стилот на гигантот Амазон каде би продала стотици милијарди евра во банкарски заеми, создадени како резултат на вирусната криза. ЕЦБ има за цел да ја зајакне економијата и да ги засени големите инвеститори на Вол Стрит.

Планот, изготвен од највисоки претставници на ЕЦБ, е дел од обидот на 19 земји од еврозоната да се справат со растечкиот куп заостанати заеми, со цел да се спречат позајмените пари по најниски цени.

„Идејата е да се отвори пазарот за купувачите на помали портфолија со онлајн продавница во стилот на Амазон или eBay“, изјави за Ројтерс Едвард О’Брајан, висок претставник на ЕЦБ вклучен во планот.

По последната финансиска криза, големите фондови купија милијарди евра лоши заеми, притоа стекнувајќи многу недвижнини, чија цена подоцна драстично се зголеми.

„На пазарот за лоши заеми доминираат многу големи клиенти. На пример, една од овие компании можат да создадат многу големо портфолио со значителни попусти “, рече О Брајан.

Студија на „Делоит“ покажа дека од над 450 милијарди долари лоши заеми продадени во Европа помеѓу 2014 и 2019 година, околу половина купиле Серберус, Блекстон, Лоун Стар и Голдман Сакс.

Банките се ослободуваат од лошите долгови, кои обично се само дел од нивната номинална вредност, со цел да ги олабават своите биланси и да создадат нови заеми – со што ќе го одржат сопствениот бизнис и економија.

Клучни зборови

  • Долгови
  • Европската централна банка
  • ЕЦБ
  • онлајн
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk