Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Банкарите веруваат дека ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки до 2024 година

21 јун. 2021 г.·3 мин читање·1540 прегледи

Следете не на Viber

Претходните неколку години клучните каматни стапки во еврозоната се развија само во една насока – надолу. За време на мандатот на поранешниот претседател на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги, немаше зголемување на референтната каматна стапка. Всушност, последен пат беше зголемена пред околу десет години, потсетува германскиот Ханделсблат.

Тоа би можело да го промени времето на мандатот на сегашниот претседател на ЕЦБ, Кристин Лагард. Барем тоа го очекуваат експертите на европскиот пазар. Според новата студија на Европската централна банка, тие веруваат дека Централната банка на Европа ќе ја зголеми моментално одлучувачката каматна стапка во мај 2024 година.

Ова се само некои од резултатите од новото истражување што ЕЦБ традиционално го спроведува шест недели пред состанокот на Советот. На него учествуваат учесници од различни земји на еврозоната. На нив им се поставуваат прашања поврзани со нивните очекувања во врска со купувањето обврзници, каматните стапки, инфлацијата и економскиот раст.

Во однос на големината на зголемувањето на каматната стапка на ЕЦБ, учесниците во истражувањето очекуваат само мал чекор, односно зголемување за десет основни поени. Да потсетиме, стапката сега е минус 0,5 проценти, односно во моментов банките што имаат вишок на ликвидни средства во ЕЦБ треба да плаќаат камата од 0,5 проценти.

Едно од прашањата за учесниците во истражувањето е колку простор за маневар има ЕЦБ за да ги намали каматните стапки. Повеќето економисти сметаат дека ќе дојде до точка кога оваа практика ќе го забави економскиот развој, бидејќи клиентите на банките ќе започнат да ги повлекуваат своите пари и да ги ставаат во сеф, што секако ќе плаќаат помалку камата наместо на банката. Според студијата на ЕЦБ, испитаниците како долна граница на стапката на депозит гледаат минус 0,8 проценти .

Во моментов најважниот инструмент на ЕЦБ е купување на обврзници преку програма специјално дизајнирана за време на пандемијата со корона. Програмата вклучува фонд од 1,85 трилиони евра и засега, има ограничено траење – до март 2022 година. Според испитаниците на ЕЦБ, се претпоставува дека ова купување на обврзници ќе заврши во утврдениот рок.

Кога станува збор за инфлацијата, испитаниците очекуваат просечно 2,1 процент во третиот квартал и 2,3 проценти во четвртиот квартал за еврозоната. После тоа, испитаниците сметаат дека ќе дојде до значително слабеење на растот на цените, а инфлацијата се очекува да биде 1,4 проценти во првиот квартал на 2022 година.

Клучни зборови

  • Европската централна банка
  • каматни стапки
  • обврзници
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk