Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување

22 окт. 2020 г.·2 мин читање·1326 прегледи

Следете не на Viber

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Со ова се остварува уште еден чекор во исполнувањето на препораките од најновиот извештај на Европската комисија и се потврдува цврстата стратегиска определба на Народната банка за чекорење по патот кон Европскиот систем на централни банки.

Со Договорот потпишан од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, е предвидено ЕЦБ, на барање на Народната банка, да обезбедува технички информации за оригиналните банкноти во евра, како и информации поврзани со фалсификуваните банкноти во евра. Врз основа на овие информации, отсега, Народната банка ќе може полесно да ги класифицира регистрираните фалсификати на територијата на нашата земја. Истовремено, предвидено е Народната банка да испраќа редовни месечни извештаи до ЕЦБ со коишто ќе ја известува за сите регистрирани фалсификувани банкноти во евра откриени на територијата на нашата земја.

Преку ваквата соработка се овозможува Народната банка уште повеќе да придонесе во справувањето со фалсификувањето на еврото, како централна банка партнерка на ЕЦБ. Со тоа се создава простор нашата централна банка дополнително да ја потврди не само својата определба, туку и својата подготвеност да биде конструктивен член на европското централнобанкарско семејство и да дава уште поголем придонес за јакнење на европската макрофинансиска стабилност.

Инаку, минатата година, Народната банка склучи и Договор со Европската комисија за соработка во сферата на заштитата на кованите евра од фалсификување. Со склучувањето на Договорот со ЕЦБ се заокружува рамката на соработката во однос на заштитата на еврото. Истовремено, Народната банка засилено работи и на унапредување и усогласување на правната рамка и на методологијата на системот за борба против фалсификувањето на еврото, согласно со најдобрите европски искуства и практики.

Клучни зборови

  • Европската централна банка
  • Народна банка
  • нбрм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk