
Вицегувернерката Митреска: Родовата еднаквост основа за одржлив и инклузивен економски раст
„Не може да се зборува за одржлив и инклузивен раст без родова еднаквост. Концептот на еднакви можности и еднакви шанси е единствениот начин да се искористи целосниот економски потенцијал на една земја. Сепак, само половината од женското работоспособно население во светот се активни, за разлика од машкото население каде што активноста е околу 75 проценти.




