Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Вицегувернерката Митреска: Родовата еднаквост основа за одржлив и инклузивен економски раст

2 мај 2023 г.·2 мин читање·730 прегледи

Следете не на Viber

„Не може да се зборува за одржлив и инклузивен раст без родова еднаквост. Концептот на еднакви можности и еднакви шанси е единствениот начин да се искористи целосниот економски потенцијал на една земја. Сепак, само половината од женското работоспособно население во светот се активни, за разлика од машкото население каде што активноста е околу 75 проценти. Нееднаквоста се огледа и преку пристапот до финансиите, кредитирањето и сопствеништвото на фирми од страна на жените. Постојат повеќе иницијативи, вклучително и од страна на Народната банка, за промена на овие состојби во интерес и на родовата еднаквост и за развој на економиите“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за ТВ-магазинот „Приказна“.

Светскиот економски форум изготвува посебен глобален индекс на родова еднаквост, а последните резултати покажуваат дека само 68 отсто од родовиот јаз се затворени и дека со ова темпо на промени ќе ни требаат уште 136 години за целосно затворање на јазот. Податоците за  нашата земја се малку подобри, 75 проценти од јазот е затворен, но очигледна е потребата за подобрување, имајќи предвид дека од 156 земји во светот, ние сме на 73 место. Од друга страна, индексот за економското учество и за економските можности е многу послаб и покажува дека само 58 отсто од јазот во светот се затворени. Со други зборови, финансиската слобода за жените е многу помала, поради слабото учество во вкупната работна сила, помалото учество на високи и раководни позиции и во приватниот и во јавниот сектор, јазот во платите и слично.

„Во овој контекст, за одржлив раст е потребен и инклузивен финансиски систем, којшто обезбедува финансиски услуги за што поголем број индивидуи, вклучително и за жените. Податоците на Светската банка покажуваат дека кај нас 80 отсто од жените имаат сметка, наспроти 90 проценти кај мажите. Во Европа не постои разлика помеѓу машката и женската популација во овој дел. Нешто помали се разликите во однос на користењето кредити и во однос на штедењето. Жените може да се споредуваат со мажите дури и во делот на дигиталната финансиска писменост и однесување. Иако родовиот јаз во делот на финансиската писменост и финансиската вклученост не е толку голем, сепак постои простор за подобрување“, вели Митреска.

Клучни зборови

  • Ана Митреска
  • Вицегувернерката
  • Народна банка
  • финансиската слобода
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk