Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Вицегувернерката Митреска на „Ерсте инвеститорскиот појадок“: Централната банка со соодветен одговор во услови на продолжена криза

20 окт. 2022 г.·2 мин читање·439 прегледи

Следете не на Viber

“Насоката во која ќе се движат монетарните политики на централните банки во претстојниот период е јасна. Но треба да се има предвид и дека динамиката на затегнувањето на основната камата зависи од спецификата на самата економија. Пред централните банки се поставуваат предизвици да дејствуваат во насока на справување со инфлацијата и закотвување на инфлациските очекувања, додека истовремено треба да внимаваат и на ограничување на негативните ефекти врз економијата и врз финансиската стабилност. Во време на висока неизвесност, шокови предизвикани од понудата и загрижувачки економски изгледи, се претпочита постепен пристап и носење на одлуки, засновани на податоци“. Ова го посочи во своето обраќање вицегувернерката Ана Митреска, на овогодинешниот „Ерсте инвеститорски појадок“ на банкарите и инвеститорите.

Митреска истакна дека централните банки се справуваат со специфични околности. Ценовните притисоци доаѓаат доминантно од страната на понудата, додека ризиците за економско закрепнување се сериозни. Сепак, инфлацијата трае подолго време и има се поширок опфат, што ги поттикна речиси сите централни банки да започнат со затегнување на монетарната политика.

Зборувајќи за нашата економија Митреска посочи дека нестабилното опкружување и енергетската криза создадоа притисоци и врз инфлацијата но и на девизниот пазар. Во такви околности, од крајот на 2021 година, Народната банка почна со нормализирање на монетарната политика преку повлекување ликвидноста со девизни интервенции. Од април, нашата централна банка започна и со постепено зголемување на основната камата. Преку нагорни корекции во неколку наврати, основната камата е покачена кумулативно за 2,25 процентни поени. Затегнувањето на основната камата беше дополнето и со мерки за промени во системот на задолжителна резерва, во насока на поттикнување на денаризацијата, како и инвестиции во обновливи извори на енергија.

Во однос на финансиската стабилност, таа посочи дека истата е зачувана, и покрај неизвесноста која ја донесе кризата и ризиците  за прелевање на проблемите од реалниот во финансискиот сектор. Банкарскиот сектор е стабилен, нефункционалните кредити се на ниско ниво и опаѓаат. Солвентноста, која е главен показател за способноста на банките да абсорбират шокови, останува и понатаму висока. Стрес-тестовите за 2022 и 2023 година ја потврдуваат севкупната отпорност на банкарскиот систем на макроекономски шокови. Сепак, потребна е претпазливост и будно следење на состојбите.

Клучни зборови

  • Ана Митреска
  • Вицегувернерката
  • вицегувернерката Ана Митреска
  • Ерсте инвеститорскиот појадок
  • Народна Банка на Република Северна Македонија
  • Народната банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk