Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Нацевска за МТВ: Граѓаните сѐ повеќе ги користат придобивките од електронското банкарство и електронските услуги

10 окт. 2021 г.·3 мин читање·1760 прегледи

Следете не на Viber

Ако пред две години, еден од четири платежни налози беше извршуван електронски, а останатите три на шалтерите на банките во хартија, веќе во 2020 година и во првата половина од 2021 година, секој трет налог се извршува електронски. Тоа значи дека граѓаните сѐ повеќе ги користат придобивките од електронското банкарство и електронските услуги коишто ги нудат банките, истакна вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во гостување во утринската програмата на Македонската телевизија, наведувајќи дека електронските плаќања се безбедни и носат бројни придобивки за граѓаните.

– Пандемијата го менува начинот на живеење на луѓето, а со тоа и нивните навики во начинот на плаќање. За заштита на сопственото и јавното здравје, граѓаните сѐ повеќе ги ползуваат придобивките на дигиталните плаќања, мобилните апликации и платежните картички. Ова беше особено видливо во првите месеци од пандемијата, кога растот на овие плаќања беше 110% и со тој интензитет продолжи и во наредниот период. Според последните официјални податоци на Народната банка во доменот на платежната статистика за првиот квартал од оваа година, бројот на плаќањата со платежни картички е повисок за 44% во однос на истиот период од минатата година ‒ посочи Нацевска.

Вицегувернерката истакна дека користењето на платежните картички е сосема безбедно, бидејќи банките кај нас издаваат картички коишто воопшто не заостануваат во технолошките решенија коишто се нудат во светски рамки. 

– Се обезбедуваат сигурносни стандарди за извршување на плаќањата со картички и преку електронското банкарство, коишто воопшто не заостануваат со барањата во меѓународните стандарди. Сите  ние сме корисници на картичките „виза” или „мастеркард”, коишто се меѓународно брендирани и зад кои постојат навистина високи сигурносни стандарди. Ова се клучните фактори за безбедно извршување на плаќањата и оттаму, колку повеќе се ползуваат, толку помала ќе биде изложеноста и непотребното чекање пред шалтерите во банките ‒ посочува Нацевска.

Вицегувернерката најави и дека се работи на обезбедување на можноста за воведување нови, иновативни технолошки решенија ‒ финтек, коишто ќе им обезбедат уште поширока палета услуги на граѓаните и фирмите.

– Се очекува дека финтек-компаниите ќе се појават наскоро, со стапувањето во сила на новиот Закон за платежни услуги и платни системи. За да се овозможи употребата на овие услуги, потребно е да се воведе концептот на „отворено банкарство”, односно отворена и сигурна комуникација на финтек-компаниите, банките и граѓаните и компаниите, како корисници на платежните услуги. За нас како држава, финтек-секторот треба да претставува можност за нашите граѓани и фирми за користење на платните услуги коишто се користат во развиените земји. Ова е голем чекор напред, големи се очекувањата, но секако ќе треба време да се оствари ‒ посочи Нацевска.

Законската основа, како што рече вицегувернерката, ќе биде поставена наскоро, но понатаму ќе следи процесот на лиценцирање и воспоставување безбедносни стандарди, бидејќи сигурноста на средствата во банките е она што е основно и што прво треба да се обезбеди.     

Клучни зборови

  • Вицегувернерката
  • Емилија Нацевска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk