
Гордана Димитриеска-Кочоска од Охрид: Регионално поврзување за поголем обем и квалитет на тргувањето
Се отвораат нови можности за македонскиот пазар на капиталот и за домашните компании, преку поврзувањето и заедничкото делување со земјите од регионот, нагласи министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во воведното излагање на 24 Годишна конференција на Македонска берза што се одржува во Охрид. Простор, на кој „се спојуваат новите знаења и искуството, домашните компании се










