Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Бесими – ЕБОР: Продолжува плодната соработка со реализaција на проекти за просперитет на земјата

1 ное. 2023 г.·2 мин читање·2771 прегледи

Следете не на Viber

Европската банка за обнова и развој е една од најзначајните и најактивна меѓународна финансиска институција во земјава која има голем придонес во постигнатиот напредок и развој на земјата. Заедно со ЕБОР во изминатиот период се реализирани 175 проекти во вкупна вредност од 2.554 милиони евра и таквата плодна соработка ќе продолжи и во иднина. Ова беше истакнато на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со директор на ЕБОР за Западен Балкан Матео Колангели и новиот шеф на Канцеларијата на ЕБОР во земјава Фатих Туркменоглу.

Министерот на средбата до Туркменоглу упати честитки за преземањето на новата должност и му посака успех, напредок и идна плодна соработка во реализација на многу проекти коишто значат развој и просперитет на нашата земја.

„Уверен сум дека веќе воспоставената соработка со ЕБОР ќе продолжи и во наредниот период преку подготовка и реализација на приоритетни проекти кои имаат големо позитивно влијание врз нашата економија и условите за живот на граѓаните. Тоа  е  заедничка цел и очекувам широка поддршка во остварување на поставените приоритети“, истакна министерот Бесими.

На средбата стана збор за проекти коишто во моментов се реализираат со поддршка од ЕБОР во енергетскиот сектор и инфраструктурата и за нивниот понатамошен тек, како и за поддршката што се очекува во делот на енергетската транзиција  од јаглен кон чиста енергија за што стојат на располагање 85 милиони американски долари преку Климатски инвестициски фонд со цел забрзана енергетска транзиција и справување со предизвиците во реализацијата на тој процес. ЕБОР ќе биде главна меѓународна финансиска институција на земјава со чија помош ќе се реализира овој процес.

Исто така, на средбата беше посочено дека РС Македонија веќе презема и активности во однос на иницијативата за проширување на работењето на ЕБОР во субсахарска Африка и Ирак покрената на Годишниот состанок во 2023 година во Самарканд.

Клучни зборови

  • ЕБОР
  • Западен Балкан
  • Матео Колангели
  • министер за финансии
  • Фатих Туркменоглу
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk