Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Општините Тетово, Виница и Желино ќе ги намируваат доспеаните обврски со поддршка од централниот буџет – потпишани договорите за првите структурни обврзници

24 окт. 2023 г.·3 мин читање·6943 прегледи

Следете не на Viber

Општините Тетово, Виница и Желино, се трите локални самоуправи кои на нивно барање а со поддршка од централната власт ќе ги намируваат доспеаните обврски и со тоа ќе ги зајакнат своите финансиски капацитети. Денеска министерот за финансии Фатмир Бесими и градоначалниците Билал Касами, Миле Петков и Блерим Сејдиу ги потпишаа договорите за користење на структурните обврзници издадени од Министерството за финансии за овие три општини.

 Структурните обврзници се нов финансиски инструмент, кој е воведен со Законот за финансирање на единиците на локалните самоуправи и дава можност на општините да ги користат за подмирување на доспеани, а неплатени обврски. Се издаваат на 10 години и со нив се овозможува репрограмирање на обврските, но и можност за консолидирање на своите буџети и можност да се фокусираат на својот развој. Износот за издадените обврзници ќе го враќаат во 10-годишни еднакви рати.

„Ова се први структурни обврзници кои ги издаде Министерството за финансии, согласно новиот реформски Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со кои се обезбедуваат повеќе средства за локалните власти, а со цел нивна финансиска стабилност и испорачување квалитетни услуги. Општините Тетово, Виница и Желино, беа локалните самоуправи кои ја искористија оваа еднократна можноста од Законот и поднесоа барање во законски утврдениот рок за издавање структурна обврзница и со тоа да обезбедат средства за исплата на обврските и да се посветат на својот развој“, рече министерот Бесими.

Министерството за финансии издаде структурни обврзници во вкупен износ од 275 милиони денари, од кои од 250,2 милиона денари за Тетово, 21,7 милиони денари за Желино и 2,5 милиони денари за Виница. Општините со потпишување на договорите, издадените обврзници можат да ги користат за исплата на обврските кон доверителите, кои пак со издадените обврзници можат да подмируваат обврски кон Управата за јавни приходи или со нив да тргуваат на секундарниот пазар на Берзата.

Издавањето на структурните обврзници е дел од предвидената реформа за унапредување на фискалната децентрализација и дел од пошироката реформа во управувањето со јавните финансии.

Тие претставуваат еден од инструментите кои им стојат на располагање на општините. Односно, за зајакнување на нивната финансиска стабилност општините можат да користат и условен кредит исто така од Министерството за финансии и општинска обврзница за познат купувач – Министерството за финансии. Дополнително со измените на Законот за  финансирање на единиците на локалната самоуправасе обезбедија повеќе средства преку зголемување на трансферите од централниот буџет кон општините по основ на данок на личен доход од 3% на 6% и по основ на ДДВ од 4,5% на 6%.

Клучни зборови

  • Билал Касами
  • Блерим Сејдиу
  • Миле Петков
  • министер за финансии
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk