Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Потребен е реформски, инвестициски и европски модерен буџет, раководството на ССК на средба со министерот за финасии Фатмир Бесими

7 ное. 2023 г.·2 мин читање·3796 прегледи

Следете не на Viber

Претставници на Сојузот на стопански комори, претседателот Трајан Ангелоски, потпреседателите Горан Ѓорѓиевски,Сашо Дукоски,Ромео Костадинов,како и Драган Пехчевски член на Управен Одбор ,имаа средба со министерот за финансии Фатмир Бесими .На средбата се разговараше на тема финансии и структура на буџетот за следната 2024 година ,како и предлози на Комората за поповолна деловна  клима во нашата држава.

На состанокот беа  потенцирани финансиски прашања  на кои заеднички треба да се делува: зголемување на ефикасноста и економичноста на јавната администрација,намалување на сивата економија ,примена на Е-фактура и дигитализација, реструктуирање на јавните претпријатија загубари, да се инвестира во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија – декарбонизација како во јавниот така  и во приватниот сектор, активна изградба на инфраструктура, патна ,железничка, усогласување на царините со ЕУ тарифна регулатива,се со цел да бидеме дел од европскиот економски простор.

Во оваа прилика се споменаа и темите како зголемување на платите во јавниот сектор и се потенцира ова да не биде  главен приоритет во следниот период бидејќи се одразува негативно на целата економија.Воведувањето на новите даноци ја намалува предвидливоста на бизнис секторот и претставува дополнително оптоварување како и намалување на конкурентноста.

Сојузот на стопански комори интензивно работи и се насочува кон долгорочен економски раст, подобрување на легислативата, делува и работи на стабилен економски раст, поврзување и можност за долгорочен  развој на нови ЕУ пазари, инвестиции во зелена технологија и обновливи извори на енергија.Потребна е уште поголема фокусираност и примена на нови мерки за создавање на бизнис клима со која ќе се овозможи зголемување на условите за производство и стимулирање на извозот .

,,Бизнисот втемелен на заедничко работење ,тоа значи градење економија втемелена на знаење, на иновации и економија која ќе гради партнерство со сет мерки  меѓу бизнисот и државата,,истакна Ангелоски.

Клучни зборови

  • министер за финансии
  • Сојузот на стопански комори
  • Трајан Ангелоски
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk