
ЌЕ СЕ РЕВИДИРА ПЛАНОТ ЗА ГОЛА СЕЧА: Жителите на Љубојно ги предомислија надлежните за уништувањето на шумата под Пелистер
Откако со месеци со блокади на локалните патишта ја бранеа шумата над своето село да не биде исечена, жителите на преспанското село Љубојно објавија „мала победа над тендерите на власта“. Имено, организаторите на протестот против обидот фирмата-концесионер на ЈП Национални шуми целосно да ја исече шумата во близина на Љубојно, објавија дека надлежното Министерство за










