Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ОПШТИНА КАРПОШ ЈА РАСЧИСТУВА ДЕПОНИЈАТА КАЈ СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ, ќе следи и ќе казнува за кршење на рампите и фрлање отпад

15 јан. 2026 г.·2 мин читање·4397 прегледи

Следете не на Viber

Општина Карпош почна да ја расчистува огромната дива депонија што се наоѓа во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски и хотелот Александар Палас, на самиот кеј на реката Вардар, беше објавено на официјалната Фејсбук страница на општината. „Општинските служби задолжени за хигиената на јавниот простор во текот на вчерашниот ден започнаа со расчистување на мини депонијата која се наоѓа во близина на СЦ Борис Трајковски. Оваа мини депонија веќе некој период несовесно се полни со шут и друг отпад и имаше тенденција да прерасне во сериозен извор на загадување, па оттука општината интервенираше и спроведува акција за нејзино расчистување, како и поставување на заштитна рампа која би спречила повторно депонирање на отпад“, се вели во објавата од Општината. 

Воедно, како што беше објавено, во иднина инспекторатот од Општина Карпош будно ќе следи и превенира случаи на несовесно фрлање на отпад и истите ќе ги казнува согласно своите надлежности и законски прописи на целата територија на Општина Карпош. Веќе неколку години во текот на зимата овој простор се трупа со ѓубре, а потоа на лето се пали и депонијата гори со денови.

Ексградоначалниците Петре Шилегов, Стефан Богоев, во текот на своите мандати организираа акција за чистење на депонијата, но само неколку месеци потоа оваа локација повторно почна да се затрупува со ѓубре. Изминативе години беше поставена врата и влезна рампа за да се затворат влезовите, но тие набрзо беа оштетувани од несовесни граѓани, а трупањето на ѓубрето, најчесто градежен, но и секаков друг вид на отпад, упорно продолжуваше.

 

Клучни зборови

  • диви депонии
  • екологија
  • комунална инспекција
  • Општина Карпош
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk