Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЌЕ СЕ РЕВИДИРА ПЛАНОТ ЗА ГОЛА СЕЧА: Жителите на Љубојно ги предомислија надлежните за уништувањето на шумата под Пелистер

27 апр. 2026 г.·4 мин читање·1838 прегледи

Следете не на Viber

Откако со месеци со блокади на локалните патишта ја бранеа шумата над своето село да не биде исечена, жителите на преспанското село Љубојно објавија „мала победа над тендерите на власта“. Имено, организаторите на протестот против обидот фирмата-концесионер на ЈП Национални шуми целосно да ја исече шумата во близина на Љубојно, објавија дека надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство добило стручно мислење од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ од Скопје, со кое се укажува дека е потребно да се пристапи кон изменување и дополнување на постоечкиот план за стопанисување со шумите за шумскостопанската единица „Пелистер-Брајчино“, со важност 2024 – 2033 година.

„Стигна и официјална потврда дека нашите барања за промена на планот се прифатени, ова е победа на Љубанци во одбрана на животната средина и еко системот, ова е потврда дека доколку стоиме заедно зад иста цел можиме и да ја постигнимеи исто така да ги поздравиме сите храбри луѓе кои учествуваја во протестите кои испишаја историја“, објавија на Фејсбук организаторите на блокадите за спас на љубојнските шуми.

Жителите на Љубојно и оние кои поседуваат викенд-куќи во ова потпелистерско село се обраќаа до надлежните со барање да се преиспита планот за сеча на ЈП Национални шуми, со образложение дека целосното уништување на шумата лоцирана над селото ќе предизвика поплави од поројни дождови и свлечишта, кои би ги загрозиле нивните домови и нивната вода за пиење. Како аргумент, тие посочија на опасноста која веќе ја предизвикала веќе сторената сеча на шумата над селото, откако во август лани пороен дожд се слеал во Љубојно и за неполн час го поплавил центарот на селото.

Оттогаш, во неколку наврати дождовите предизвикуваа поројни реки низ селото.

Сега важечкиот план за овој реон предвидува гола сеча, односно дека треба целосно да се исече дабовата шума над Љубојно, со очекувано количество дрвна маса од четири илјади кубни метри дрво, за само една година.

Министерството по добивањето на мислењето, со допис се обратило до ЈП Национални шуми со укажување дека е потребно да започне постапка за изменување и дополнување на постоечкиот план за стопанисување со шумите за шумскостопанската единица „Пелистер-Брајчино“, со важност 2024 – 2033 година“, со што практично е започната административната процедура за промена на претходната одлука да се исече целата шума над Љубојно, поради која Љубојничани преку 250 дена им го блокираа локалниот пат на камионите на концесионерот, фирмата Диба Трејд од Косел.

Со најавената ревизија на планот за сеча, надлежните имплицитно признаа дека се валидни аргументите за опаснотите од поплави, поради кои протестираа жителите на ова преспанско село, посебно откако лани во август се појавија видео-снимки на кои се гледа центарот на селото во вода до коленици. Но, откако се обратија до Владата со барање да се стопира сечата на шумата што го штити селото, од Владата одговорија дека се работи за регуларна сеча на нискостеблест даб во одделите 29 и 30 во шумско-стопанската единица Пелистер Брајчино.

Концесионерот Диба Трејд има добиено тендер на ЈП Национални шуми  за “изградба и реконструкција на меки шумски патишта превоз со утовар и истовар на дрвни сортименти“ на 25 мај годинава, како што стои во дописот на ЈП Национални шуми, и за една година, само на две парцели има дозвола да исече над 4.000 кубни метри дрва.

Десетгодишниот план за сеча на овој терен, пак, е со важност до 2033 година, што значи дека допрва се предвидува огромен зафат на сечење на шумското богатство, што особено ги загрижува жителите на Љубојно. Колкав точно, никој од мештаните не знае, а надлежните – не кажуваат.

Конечна одлука за запирање на сечата на шумата кај ова потпелистерско село, сепак, уште не е донесена.

Југослава Дуковска

(Фото: Фејсбук, Љубојно.мк)

Клучни зборови

  • гола сеча
  • екологија
  • ЈП Национални Шуми
  • Југослава Дуковска
  • Љубојно
  • уништување на шумата
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk