
Финансии издаде две нови државни обврзници – за инвеститорите камати од 4,45 % и 5,20 %
Две нови државни обврзници се во понудата на официјалниот пазар, на подсегментот берзанска котација. Нивната вкупна вредност е 1,94 милијарди денари, односно 31,53 милиони евра. На потенцијалните инвеститори ќе им донесат камата со стапки од 4,45 и 5,20 насто, зависно од годината на доспевање. Според информацијата објавена на Македонска берза, обврзниците се без девизна клаузула.










