Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Две нови обврзници на Берзата и ново задолжување од 39 милиони евра

4 јун. 2025 г.·2 мин читање·2157 прегледи

Следете не на Viber

Инвеститорите од денес имаат можност да вложуваат во две нови државни обврзници и за тоа да добијат солидна камата од 3,4, односно 5,1 процент. Државата од домашните кредитори бара вкупно 2.404.650.000 денари или над 39 милиони евра.

Двете обврзници, кои се без девизна клаузула, од Министерството за финансии се издадени на 22 мај. Тоа е и датумот на нивното доспевање за наплата, првата во 2028, а втората во 2040 година.

Емисијата на тригодишната обврзница е со вредност од 606.900.000 денари (9,86 милиони евра). Издадени се 60.690 вакви хартии од вредност со номинален износ од 10.000 денари.

Другата емисија со 179.775 петнаесетгодишни обврзници има вкупна вредност од 1.797.750.000 денари (29,23 милиони евра). И исто така номинални 10.000 денари.

Покривањето на потребите со издавање државни обврзници и задолжувањето на домашен терен е поисплатливо отколку пари да се бараат во странство, па владите го користат овој модел. Овој владин состав првите две државни обврзници од вкупно 47,87 милиони евра ги издаде лани на 11 јули, еден ден по ребалансот на буџетот и по тогашните изјави на министерката за финанисии дека државата е во хаос, а стопанството во клиничка смрт.

Оттогаш Македонска берза уште неколку пати објавуваше информации за примените на котација нови дравни обврзници. Минатата година во октомври – три во износ од 73,7 милиони евра, во ноември две од 90 милиони евра, па во декември уште две од над 20 милиони евра. Годинава стартот беше во јануари со две обврзници и 66 милиони евра, во февруари уште две со 62,9 милиони евра, март исто така две и 50 милиони евр, а двете априлски обезбедија 30,4 милиони евра. Заедно со последниве, државата на домашните кредитори им должи над 413 милиони евра, без камата.

Клучни зборови

  • берзанска котација
  • државни обврзници
  • задолжување
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk