Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Од домашните кредитори државата бара 4,5 милијарди денари – Четири нови обврзници на Берзата

10 јул. 2025 г.·2 мин читање·2689 прегледи

Следете не на Viber

Четири нови државни обврзници денес се појавуваат на Македонска берза. На државата ѝ се потребни повеќе од 4,5 милијарди денари или околу 74 милиони евра. Средствата ги бара од домашните кредитори со соодветна камата, која се движи од 3,4 до 5,1 процент, зависно од рокот кога стасуваат за наплата.

„Ве известуваме дека согласно барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 10.07.2025 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници…“, информираат од Македонска берза.

Три од обврзниците се без девизна клаузула, а сите четири имаат номинална вредност од десет илјади денари. Издадени се на 19 јуни.

Првата емисија содржи 58.653 хартии од вредност, па е со вредност од 586.530.000 денари (9,53 милиони евра). Таа е двегодишна, односно датумот на достасување е 19 јуни 2027 година. За овие обврзници е утврдена каматна стапка од 3,40 насто.

Вредноста на тригодишната обврзница, која предвидува раздолжување со кредиторите на 19 јуни 2028 година, е 1.374.500.000 денари (22,35 милиони евра). Носат камата од 3,50 проценти.

Другите две се издадени на подолг рок, на 15 години, но имаат различни каматни стапки. Доспеваат на 19 јуни 2040 година.

За емисијата од 181.079 државни обврзници е одредена највисоката стапка од 5,10 проценти. Вкупната вредност е 1.810.790.000 денари, односно 29,44 милиони евра.

Последните во оваа низа се државни обврзници со девизна клаузула. Преку емисијата од 77.403 хартии од вредност треба да се обезбедат 774.030.000 денари или 12,58 милиони евра. На заинтересираните што ќе вложат пари, овие обврзници им носат камата од 4,85 проценти.

Клучни зборови

  • домашни кредитори
  • државни обврзници
  • Македонска берза
  • Министерство за финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk