Банките, осигурителните компании и пензиските фондови се редовни „муштерии“ кога се емитуваат државни обврзници. „Пари“ веќе пишуваше дека задолжителните приватни пензиски фондови ѝ позајмиле на државата речиси 2 милијарди евра. Овој вид пласирање пари е најпримамлив и за доброволните пензиски фондови: КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд, Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, Триглав отворен доброволен пензиски фонд и ВФП отворен доброволен пензиски фонд. Овие четири фонда заеднички во домашните државни обврзници вложиле 48,6 милиони евра. Нивното вкупно инвестициско портфолио е 82,5 милиони евра, што значи дека инвестирањето во домашните државни обврзници изнесува 58…