
ЛАНСКИОТ УВОЗ НА ХРАНА ИЗНЕСУВА РЕЧИСИ МИЛИЈАРДА ЕВРА, најмногу сме извезувале хемиски производи
Минатата година трговската размена била 19,5 милијарди евра, објави Државниот завод за статистика. Притоа, сме реализирале извоз од 8,32 милијарди евра, а увозот ни „тежел“ 11,15 милијарди евра. Извозот е поголем за 0,3 насто, а увозот е помал за 8,2 насто во однос на 2022 година. Порталот Пари ја анализира минатогодишната трговска размена, а тоа


