Пензиите се зголемуваат.
Бројот на пензионери, исто така, се зголемува.
Бројот на вработени во приватниот сектор се намалува.
Расте сумата што се префрла од буџетот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО).
Расте сумата што е потребна за да функционира Фондот за ПИО.
До вакви констатации ќе се дојде ако на прв поглед се разгледаат бројките во предложениот буџет за 2024 година, кој е во собраниска процедура, како и податоците за анкета на работната сила на Државниот завод за статистика.
Ако се погледнат буџетите од 2016 до 2024 година, освен во две години, 2019 и 2022, постојано има раст колку пари се префрлаат од буџетот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО), за да може да се исплатат пензиите и другите обврски на овој Фонд.
2024 година нема да биде рекордна само по префрлените средства од буџетот, туку и колку пари ќе се соберат во Фондот и колку вкупно пари му се потребни за да функционира нормално.
Ако на ова се додаде и податокот од Државниот завод за статистика (ДЗС) дека според Анкетата на работна сил…