Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Државната статистика за 2021: Формирани 5.960 фирми со 11.991 вработени

28 јун. 2023 г.·3 мин читање·1590 прегледи

Следете не на Viber

Во 2021 година биле регистрирани 5.960 новосоздадени претпријатија, што претставува 9,1 процент од вкупно активните пазарно ориентирани претпријатија, кои тогаш ги имало 65.780. Споредено со годината пред тоа, бројот на новите фирми е зголемен за 15,9 насто. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најголемиот дел од нив се во секторите трговија, градежништво, транспорт и складирање, информации и комуникации, преработувачка индустрија, како и објекти за сместување и исхрана.

Меѓу новоформираните фирми, најбројни со 76,4 проценти се дел од услужните дејности, во чии рамки доминантни се во секторот трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли – 1.782, објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 669 и стручни, научни и технички дејности – 623. Во секторот индустрија се 12,5 отсто од новосоздадените претпријатија, во градежништвото 11,1 отсто.

Статистиката вели дека со нивното формирање, во 2021 година било обезбедено вработување за 11.991 лице. Тоа претставува зголемување за 21,5 насто во однос на претходната 2020. Освен тоа, без вработени биле 16,8 проценти од новоформираните фирми, 77,6 отсто имале од едно до четири вработувања, а само 3,6 отсто работно ангажирале од пет до девет лица.

Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија според правната форма покажуваат дека најголемо учество имаат фирмите во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва – 85,4 отсто.

Во 2021 година најголем број фирми –  21.866 се токму во трговијата на големо и мало, заедно со поправка на моторни возила и мотоцикли. Далеку зад нив, а секак како второрангирани се стручните, научни и техничките дејности со 7.812 претпријатија. Најмалубројни – 205, се од областа рударство и вадење на камен.

Што се однесува до згаснатите претпријатија, статистиката упатува на тоа дека во 2020 згаснале 5.382 фирми, односно 8,2 проценти. Најмногу од нив, или 30,8 отсто се од трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли. Гледано според правната форма, 75,5 проценти од затворените фирми биле друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

Ова е нешто подобра состојба во однос на 2019 година, кога процентот на згаснати фирми изнесувал 8,4, а бројот 5.544. И тогаш најмногу претпријатија – 35,5 отсто биле од трговијата на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а 76,6 проценти ДОО и АД.

Клучни зборови

  • АД.
  • ДОО
  • Држававен завод за статистика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk