Минатата година трговската размена била 19,5 милијарди евра, објави Државниот завод за статистика. Притоа, сме реализирале извоз од 8,32 милијарди евра, а увозот ни „тежел“ 11,15 милијарди евра. Извозот е поголем за 0,3 насто, а увозот е помал за 8,2 насто во однос на 2022 година.
Порталот Пари ја анализира минатогодишната трговска размена, а тоа што може да се забележи е дека увозот на храна продолжува да расте. Минатата година увозот на храна чинел 975,8 милиони евра, што е за 9,1 насто повеќе отколку во 2022 година. Растел износот и за увоз на пијалаци и тутун, и потрошени се 122,2 милиони евра, а порастот во однос на 2022 година е 10,2 насто. Увозот на машини и транспортни уреди е зголемен за 10,7 насто, на раз…