
Битиќи: Владата се задолжува, а каматите се новогодишен подарок за граѓаните
Поради слабостите во буџетското планирање државата ја затвора сметката со притисок што ќе се префрли како новогодишен подарок врз животниот стандард на граѓаните, смета пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи. Притоа, го пласира и податокот – годинава, само на домашниот пазар Владата се задолжила за околу 661,5 милиони евра.




