Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

БУЏЕТОТ СО НОВ КРОЈ – 4,9 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ќе се потрошат за социјални трансфери, плати и пензии

20 јул. 2024 г.·3 мин читање·2017 прегледи

Следете не на Viber

Се крати од здравството, финансиите и одбраната, се додава кај платите за администрацијата, пензионерите, земјоделците, општините. Новата Влада ја прекрои државната каса и предлогот влезе во Собранието. Бројките се сведуваат на приходи проектирани со зголемување од 2,6 проценти и износ од 5,17 милијарди евра, трошења поголеми за 5,6 насто и сума од 5,9 милијарди евра, како и дефицит од 726 милиони евра. Кој ќе се санира со задолжувања, првенствено на домашен терен.

Најголем дел од народните пари – 4,95 милијарди евра – одат на социјални трансфери, плати и пензии. И тоа, 2,76 милијарди евра ќе се користат за социјални трансфери. Во однос на основниот буџет, средствата за оваа намена се зголемени за 4,9 процети, што значи за 129,4 милиони евра. Кај платите и надоместоците се додаваат 7,9 проценти и 53,2 милиони евра, па сега таа ставка изнесува 723,4 милиони евра. За потребите на пензионерите се предвидуваат 1,47 милијарди евра. Овде растот е шестпроцентен, а разликата меѓу ребалансираната и првичната сума изнесува 83 милиони евра. Притоа, пресметано е и претстојното линеарно зголемување на пензиите.

Зголемувања има кај речиси сите расходни ставки. На пример, за 15,5 милиони евра се повисоки трансферите кон единиците на локалната самоуправа, со проектиран износ од над 501 милион евра. А, за речиси 3,2 милиони евра ставката стоки и услуги, која партиите ја „озборуваат“ кога се во опозиција, а сега е поставена на нивото од околу 412 милиони евра.

Трошењата се намалени кај три од 15 ставки: капиталните расходи се пониски за близу 2,6 милиони евра и се зацртани на 732,67 милиони евра; надоместоците за невработени се помали за 1,6 милиони евра и се во износ од 23,2 милиони евра; ДДВ дотациите со ребалансот се планираат на близу 68,4 милиони евра, откако ќе се минусираат 2,4 милиони евра.

Буџетот го полнат придонеси, даноци, акцизи, царини… Новата владина гарнитура смета дека кај вкупниот износ можат да се инкасираат 130,5 милиони евра повеќе. Од даночните приходи и придонесите треба да се добијат плус 84,5 милиони евра, при што вториве треба да обезбедат дополнителни 68,9 милиони евра. Оптимизмот се заснова на најавените можности кои ќе креираат нови работни места.

Сепак, корекција по надолна линија има кај приливите од ДДВ, односно очекувањата се спуштени за 36,4 милиони евра. Математиката е направена според наплатата во првата половина од годинава. Исто така, за 18,4 милиони евра е намалена проекцијата за приходите што доаѓаат од акцизите.

Кратења на средствата има кај пет министерства. Најмногу – за 149 милиони евра – во Министерството за траспорт, за 33,5 милиони евра е покуса касата на одбрана, за 13,3 милиони евра на економија и труд, за 10,3 милиони евра финансии и за 7,5 милиони евра се намалени парите за Министерството за здравство.

Кога се прави ребаланс на државиот буџет, народот вели – од шупливо во празно. А, според Владата – со тоа ќе се обезбеди забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и подобар квалитет на животот на граѓаните.

Клучни зборови

  • буџет 2024
  • буџетски приходи
  • буџетски расходи
  • пензии
  • плати
  • ребаланс
  • социјални трансфери
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk