Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

Буџет 2026: Повеќе пари за пензии и плати и ново задолжување од две милијарди евра

5 ное. 2025 г.·4 мин читање·11882 прегледи

Следете не на Viber

Шест милијарди евра ќе влезат во државната каса, а 6,7 милијарди ќе излезат. За пензионерите ќе има повеќе пари, исто како и за плати на администрацијата. Идната година државата ќе се задолжи за дополнителни 1,96 милијарди евра, а во план е издавање нова еврообврзница. Ова е  дел од проекциите за Буџетот 2026, чија реализација би требало да се одвива во услови на намалена инфлација со стапка проектирана на 2,5 насто и со очекуван раст од 3,8 насто.

Растот на економската активност, според предвидувањата, би требало да биде поддржан со нови инвестиции, отворање производствени капацитети и активни мерки за вработување, при што бројот на вработени ќе порасне за 1,6 насто, а невработеноста ќе се намали на 10,1 насто. Просечната нето-плата се очекува да порасне номинално за 6,5 насто.

Главен двигател на растот ќе биде домашната побарувачка, поддржана од зголемување на инвестициите за 8,4 насто, особено во инфраструктурни проекти како коридорите 8 и 10-д, железничкиот транспорт, енергетиката и земјоделството. Владата очекува значителен придонес и од домашните и странските инвеститори преку нови капацитети во технолошко-индустриските зони.

Буџетот за 2026 година е дефиниран како консолидиран и реален, со фокус на фискалната дисциплина, транспарентноста и ефикасното трошење на јавните пари. Владата најавува строга контрола при преземањето нови обврски, рационално користење на средствата и дигитализација на процесите за подобри јавни услуги.

Креторите на буџетот зацртале средствата на приходната страна да се обезбедат од: наплатата на даноци – 3,48 милијарди евра; придонеси – 1,98 милијарди евра; неданочни приходи – 472,5 милиони евра; капитални приходи – 40,8 милиони евра и од донации – 120,2 милиони евра.

Парите за трошење се повисоки за 2,6 насто или за 169,1 милион евра во споредба со годинава. Предвиден е дефицит од 638 милиони евра или на ниво од 3,5 отсто од планираниот БДП.

Тековните расходи се позиционирани на речиси 6,1 милијарда евра, а ги опфаќаат платите, пензиите, социјалните права, субвенциите и поддршката на економијата.

Во тие рамки, за плати се издвојуваат 855,3 милиони евра, за околу 48,8 милиони евра повеќе отколку во годинешниот буџет. За стоки и услуги има за 0,5 отсто помалку пари, односно наведена е сума од 453,6 милиони евра.

Социјалните трансфери би требало да се обезбедат со 3,35 милијарди евра. Најголемиот дел од тие средства – 1,9 милијарди евра се планираат за исплатата на пензиите (+9,7%), 195,1 милион евра за социјална заштита…

Социјалните придонеси, кои се основен приход на пензискиот и здравствениот фонд, според проекциите, треба да за повисоки за четири насто и да изнесуваат 1,98 милијарди евра.

Со проекциите, некаде се кратат, а некаде се даваат поголеми износи во однос на актуелниот буџет. Со повеќе пари ќе располага Министерството за економија и труд – од годинешните 70-на милиони евра на 89,4 милиони евра. Министерството за енергетика, кое годинава доби 13,1 милион евра, вгодина ќе има 41,7 милиони евра. Предвидени се поголеми износи и за Министерството за социјална политика (1,3 милијарди евра), за Управата за извршување санкции (речиси 31 милион евра), за Собранието ( 19,8 милиони евра), за владината Служба за општи заеднички работи (23,2 милиони евра)…

Со помалку средства идната година би требало да функционира Владата, односно ако оваа година користи 75,2 милиони буџетски пари, идната година ќе може да смета на 67,2 милиони евра.

Тоа ќе биде случај и со Државната комисија за спречување корупција (од 1,4 милиони на 1,3 милиони евра); со Министерството за животна средина (од 84,1 милион на 72,3 милиони евра; со Управата за јавни приходи (од 82,7 милиони на 62,7 милиони евра)…

Што се однесува до буџетскиот дефицит од 638 милиони евра, заедно со отплатата на долговите ќе се финансира преку домашно и странско задолжување.

За отплата на стари долгови ќе бидат потребни околу 1,22 милијарди евра, од кои 892,6 милиони евра надворешни, а 323,6 милиони евра домашни задолжувања.

За наплата стигнува и еврообврзницата од 2020 година во износ од 700,8 милиони евра, како и обврските кон меѓународните финансиски институции: 50,4 милиони евра кон ММФ, 53,6 милиони евра кон Светска банка и 35,7 милиони евра кон ЕБРД.

Планираното ново задолжување изнесува 1,96 милијарди евра. Притоа, 578,8 милиони евра ќе се обезбедат на домашниот пазар, а 1,38 милијарди евра од нова еврообврзница и заеми од меѓународни финансиски институции.

Фискалната стратегија 2026–2030 предвидува постепено намалување на дефицитот и јавниот долг во согласност со европските критериуми. Буџетот за 2026 треба да обезбеди одржлив економски раст, подобрување на животниот стандард и стабилност на јавните финансии, сметаат од Владата.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • буџет 2026
  • буџетски приходи
  • буџетски расходи
  • задолжување
  • пензии
  • плати
  • проекции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk