Ребалансот на Буџетот денеска е на дневен ред во матичната Комисија за финасирање и буџет. Приходите се зголемени за еден процент, што значи дека ќе има околу 57,5 милиони евра повеќе отколку што беше планирано претходно. И расходите се зголемуват за 57,5 милиони евра. Ребалансираниот буџет на приходната страна тежи 5,89 милијарди евра, а на расходната 6,56 милијарди евра.
Во однос на проекциите, растот на БДП останува на 3,7 проценти, додека инфлацијата е благо ревидирана нагоре на 2,8 проценти.
„На страната на приходите, зголемувањето за 3,5 милијарди денари произлегува од повисоки неданоч…