Анализа: Како банкарскиот сектор го заврши третиот квартал од годинава?
Тринаесет банки што работат во земјава за девет месеци направиле нето-добивка од 242,1 милион евра, покажува извештајот за билансот на состојба од Народна банка. Оваа добивка е за 45,1 милион евра поголема од пред една година, кога изнесувала 197 милиони евра. Состојбата, пак, пред две години, односно на 30.9.2022 година, по оданочување на банкарскиот сектор била добивка од 131 милион евра, а на 30.9.2021 година изнесувала 117,5 милиони евра, што значи дека за период од три години нето-добивката не само што се дуплирала, туку го надминал…