Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Визер, Луфтханза и Аегеан Ерлајнс заинтересирани за субвенционирани авиолинии

27 јан. 2023 г.·2 мин читање·3431 прегледи

Следете не на Viber

Визер, Луфтханза и Аегеан Ерлајнс се трите авиокомпании заинтересирани за воспоставување нови авиолинии со финансиска поддршка од двата аеродроми во земјата. Доставената документација, односно нивните барањат денес беа отворени во Министерството за транспорт и врски. А, во наредниот период, комисијата составена од членови од неколку државни институции , ќе изврши евалуација на понудите.

Јавниот повик, распишан согласно регулативата на ЕУ за обезбедување фер и конкурентски услови, заврши на 26 месецов, а беше објавен на 20 декември лани. И, се однесува на периодот од 2023 до крајот на 2025 година

Понудената финансиска поддршка, пак, е со цел поттикнување на воздушниот сообраќај во државата. Односно, треба да се обезбеди „квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Северна Македонија“, се вели во известувањето од ресорното Министерство.

За таа намена, годинава е предвидена финансиска поддршка од 1,1 милион евра, а ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба. Поддршка од седум евра во денарска противвредност ќе се исплатува по патник во заминување превезен од Мескопскиот аеродром и од 4,5 евра по патник од охридскиот аеродром.

Инаку, од Меѓународниот аеродром Скопје до 36 дестинации сообраќаат 11 авиокомпании: Air Serbia, Austrian Airlines, Croatia Airlines, Edelweiss, Chair Airlines, Pegasus Airlines, Turkish Airlines, LOT, Aegean, Wizz Air, Easyjet. Од охридскиот „Св. Апостол Павле“, пак, две авиокомпании – Wizz Air и Chair Airlines до четири дестинации.

Клучни зборови

  • Aegean
  • Lufthanza
  • WIZZ AIR
  • авиосообраќај
  • субвенции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk