
„ТУРБО ПОЛЕТУВАЊЕ“: Од Скопје до Неапол, од Охрид до Милано – „Виз Ер“ со нови рути низ Европа
Македонските аеродроми добиваат досега најголема експанзија на авиолинии – повеќе летови, повеќе седишта и повеќе шанси за патување. „Виз Ер“, најголемиот авиопревозник во земјава, ја засилува својата база во Скопје со шести авион и воведува вкупно 13 нови рути од двата македонски аеродрома, што ќе ја поврзат Македонија со 41 дестинација во 17 европски земји.




