Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

WIZZ AIR превезе рекордни 60,3 милиони патници во 2023 година

23 јан. 2024 г.·3 мин читање·874 прегледи

Следете не на Viber

СО РЕЧИСИ 100 ЛАНСИРАНИ рути ВО ЦЕЛА ГОДИНА, АВИОкомпанијата РЕГИСТРИРА 32% РАСТ НА СООБРАЌАЈ НАспроти 2022 година

2,2 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 30% ЗГОЛЕМУВАЊЕ ВО СПОРЕДба со 2022 ГОДИНА

Wizz Air, најбрзо растечката и најеколошки одржливата авиокомпанија во Европа на глобално ниво*, се гордее што ја заврши 2023 година уште еднаш соборувајќи го сопствениот рекорд – над 60 милиони патници избраа да патуваат со авиокомпанијата минатата година, што е досега највисокиот годишен патнички сообраќај за WIZZ и пораст од 32% во споредба со 2022 година. Во 2023 година Wizz Air започна речиси сто нови линии, испорача 32 сосема нови авиони Ербас А321нео и прелета 263 милиони километри заедно.

Во 2023 година авиокомпанијата изврши 99,31% од своите планирани летови, што е трет резултат меѓу сите европски авиокомпании и многу над просекот во индустријата. Wizz Air исто така се рангираше во ТОП-3 авиокомпании во Европа според уделот на летови извршени точно на време.

Тоа беше година на рекорди за Wizz Air: неговите просечни емисии на јаглерод за 2023 година изнесуваа 51,5 грама по патник/км, 6,8% пониски отколку во 2022 година. Ова го претставува најнискиот просечен резултат на Wizz Air со просечен годишен интензитет на јаглерод, забележан во една календарска година, што го поткрепува неговото лидерство во намалувањето на интензитетот на CO2 меѓу конкурентите.

Во 2023 година, Wizz Air стана изборот на 2,2 милиони патници во Северна Македонија, што претставува зголемување од 30% во споредба со 2022 година. Авиокомпанијата им нуди на патниците преку 30 линии до 15 земји од својата база во Скопје. „Wizz Air“ реализираше над 10 илјади летови до и од Северна Македонија во 2023 година, а во исто време значително ги подобри оперативните перформанси, достигнувајќи 99,1% стапка на извршени летови.

Менаџерот за корпоративни комуникации на Wizz Air, Тамара Никифорова, изјави: „Горди сме и среќни што ја завршивме 2023 година со рекорден патнички сообраќај, со мрежа која постојано се развива, со напредна флота и со подобрени оперативни перформанси додека ги задржуваме највисоките стандарди за одржливост во индустријата. Северна Македонија е еден од клучните пазари во мрежата на Wizz Air и ние сме горди што сме водечка авиокомпанија во земјата. Следната година ќе славиме 20 години од ослободувањето на животите на луѓето преку патувања по пристапни цени и едвај чекаме да ги споделиме сите возбудливи авантури и незаборавни моменти кои доаѓаат со нашите патници.

Според CAPA – Centre for Aviation Awards for Excellence 2022-2023

 

Клучни зборови

  • WIZZ AIR
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk