
МАКЕДОНИЈА СО НАЈБРЗО РАСТЕЧКИ АВИОПАЗАР меѓу земјите надвор од ЕУ во април, според ACI Europe
Авиосообраќајот во Северна Македонија бележи најголем подем меѓу сите земји надвор од Европската Унија, според најновиот извештај на Советот на интернационални аеродроми ACI Europe за април 2024. Според АЦИ, порастот на авиосообраќајот во нашата земја, кој во април изнесувал 30,6%, ја става Македонија на лидерската позиција, како растечки пазар, пред Албанија (+25,3%) и Молдавија (+24,6%).










