Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Кариера

TOW: Само да е евтино

21 ное. 2019 г.·3 мин читање·147 прегледи

Следете не на Viber

Многу често, во разговор со наши менаџери и сопственици на компании, се расправаме (дискутираме) околу концептот на „евтино“. Поради тоа што сме многу чувствителни на цените како пазар, и поради нашиот лош економски стандард, често знаат да кажат дека мораат да нудат производи или услуги што се „евтини“. „Само да е евтино, и сè ќе пројде кај нас“, тоа е ставот на повеќето од нашите менаџери.

Прво, да разјасниме дека, „евтино“ и „скапо“ не постојат како концепти. Што значи евтино, а што значи скапо!? За кого е тоа евтино, а за кого скапо?! Некои возат автомобили од 100-200.000 евра. Дали тоа е евтино или скапо?! Перцепцијата најмногу ќе зависи од позиционирањето на производот или на услугата. Поточно, за кого е наменет/а. За секој производ и услуга си има своја целна група, или како што велат старите, „за секое лонче има капаче“. Секогаш кога се развива еден бизнис треба да сме свесни како и каде ќе го позиционираме производот или услугата.

Од самата стратегија ќе зависи кому се обраќаме, на колкав дел од пазарот, кој ни е потенцијалот и каков производ и услуга ќе понудиме. Доколку така ги поставиме работите, и развиеме јасна и правилна стратегија, концептите на евтино и скапо нема да се важни. Од аспект на купувач, „скапо“ е нешто што не може да си го дозволиме. Но, тоа не значи дека (иако има и такви) производот е позициониран повисоко со цена, во однос на неговата вредност.

Во секој случај, разбирливо е дека кога имаш понизок пазарен стандард, а сакате да продавате производ или услуга на поголем дел од пазарот, вие треба да се позиционирате со поекономична понуда. Но, и тука треба да се знае и да се земе предвид, дека постојат повеќе различни нивоа на „економична“ понуда. Затоа, немојте секогаш да ги барате и да ги нудите „најевтините“ производи/ услуги, туку направете убава стратегија, дефинирајте го пазарниот удел (размислете дали ви се поклопува со вашата бизнис визија) и поставете се во вашиот пазарен сегмент.

Со успех во промените,

Петар Лазаров
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

Клучни зборови

  • #tipoftheweek
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk