
МОЖЕ ДА СЕ УМРЕ ОД РАБОТА: Повеќе од 840.000 луѓе умираат годишно поради стрес на работно место, покажа најнова студија
Според новиот извештај на Меѓународната организација на трудот (МОТ), над 840.000 луѓе умираат секоја година во светот од здравствени состојби поврзани со психосоцијални ризици на работа, вклучувајќи долги работни часови, несигурност на работното место и вознемирување на работното место односно булинг. Извештајот открива дека овие ризици се во голема мера поврзани со кардиоваскуларни заболувања и ментални










