
Со приватна понуда на акции – Халк банка го зголемува капиталот за 40 милиони евра
Халк банка ќе го зголеми акционерскиот капитал за дополнителни 40 милиони евра. Од Комисијата за хартии од вредност доби дозвола за издавање на 246 илјади обични акции по пат на приватна понуда. Наменети се за познат купувач – за институционален инвеститор, кој воедно е и акционер, Халк банка А.Ш. Турција од Истанбул. Цената, и номинална









