Се отвора фирма – се отвора и банкарска сметка. Тој чекор, кој е меѓу првите формални обврски за секој нов бизнис, и минатата година најчесто водел кон неколку доминантни банки. Првенствено кон Халк банка. Од вкупно регистрираните 9.476 нови фирми, 2.550 или повеќе од една четвртина (26,9 %) ја избрале за свој партнер. Се работи за 452 фирми повеќе отколку во 2024 година. Раст е забележан и кај другите банки, а причината за тоа е интензивираната деловна активност согледана преку отворањето фирми.
На врвот од листата топ избрани матични банки неколку години со ред Халк банка е константа. Но, 2025 година донела извесни промени во составот. На второто и третото место има речиси идентични бројки: Комерцијална банка со 1.636 клиенти и НЛБ банка со 1.635. Разликата е минимална, но доволна Комерцијална банка да го преземе второто место. За споредба, во 2024 г…